Закон за авторското право и сродните права во Република Македонија
Местоположение
 
  • Държава:
  • Регион:
  • Област:
  • Община:
  • Селище:
  • в околностите на
 
  • Година на създаване/откриване на обекта: 2010
 
 

ЗАКОН ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Предмет на Законот
Член 1

Со овој закон се уредуваат правото на авторите над своите авторски дела (во натамошниот текст: авторското право), правата на уметниците - изведувачи, на произведувачите на фонограми, на произведувачите на видеограми (филмски продуценти), на радио-телевизиските организации, на издавачите и на изготвувачите на бази на податоци над своите предмети на сродни прва (во натамошниот текст: сродните права), остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права и важењето на законот.

Јавност, објавување и издавање
Член 2

(1) Јавност, во смисла на овој закон, претставува достапност на авторското дело, односно на предметите на сродните права, под еднакви услови, на поголем број лица надвор од потесниот круг на роднини или лични познанства.
(2) Авторското дело и предметите на сродните права се сметаат објавени доколку станале достапни на јавноста, во согласност со носителите на правата, доколку со овој закон поинаку не е определено.
(3) Авторското дело и предметите на сродните права се сметаат издадени, доколку во согласност со носителите на правата се изработени во доволен број примероци понудени на јавноста и нивниот промет.

Правичен надоместок
Член 3

Авторот, односно носителот на сродно право, има право на правичен надомест за секој вид користење на авторското дело, односно предметот на сродно право, доколку со овој закон поинаку не е определено.

Однос меѓу авторското право и сродните права
Член 4

Остварувањето и заштитата на сродните права, според овој закон, не го повредува и на ниеден начин не влијае на остварувањето и заштитата на авторското право.

Исклучоци и ограничувања
Член 5

Со овој закон може да се утврдат посебни случаи и услови за исклучоци и ограничувања при користењето на авторското право и сродните права.

Прочит и сваляне на целия текст

- Съдържание на нормативна база в Република Македония

- Съдържание на цялата нормативна база

 
  • Интернет: Не
 
 
Реклама


Реклама


Реклама


Полезни връзки

Статистика

Брой обекти: 6004
Брой селища: 21600
Брой снимки: 16982
Брой видеоклипове: 163
Брой коментари: 65
Брой запитвания: 1321
Регистрирани потребители: 295