Правилник за сообраќајните знаци во Република Македонија
Местоположение
 
  • Държава:
  • Регион:
  • Област:
  • Община:
  • Селище:
  • в околностите на
 
 
 

П Р А В И Л Н И К
ЗА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ, ОПРЕМА И СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ПАТОТ

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1

Со овој правилник се пропишуваат видот, значењето, обликот, бојата, димензиите на сообраќајните знаци, опрема и сигнализација што се поставуваат на јавните патишта.

Член 2

На сообраќајниот знак може да се напише и називот на одредиштата кои се наоѓаат во друга држава. Називот на одредиштата во друга држава се испишува со латинично писмо и меѓународна транскрипција на називот. Со одредиштето во друга држава, задолжително се запишува знакот 3129 (национална автоознака).

Член 3

Сообраќајните знаци се изработуваат така, што нивното значење е постојано или променливо. Површината на туристичките знаци и останатата сигнализација е со постојана содржина. Површината на сообраќајните знаци се изработува од материјали со рефлектирачки својства, најмалку од класа на рефлексија I, а за автопатишта и патишта наменети исклучиво за сообраќај на моторни возила, најмалку од класа на рефлексија II. Бојата на позадината на сообраќајниот знак е со сива боја и без сјај, за да се спречи одвраќањето на вниманието на возачите.

Член 4

Сообраќајните знаци може да бидат изведени со сопствен извор на светлина (внатрешно осветлување) или со надворешен извор на светлина (осветлени однадвор со посебни светилки). Кога сообраќајниот знак е осветлен однадвор, површината на сообраќајниот знак е од класа на рефлексија I. Сообраќајните знаци и знаците со променливи пораки може да бидат изведени со светлечки материјали на подлога со црна боја.

Член 5

На опремата и сигнализацијата за означување на работ на коловозот, за означување на работите, препреките, оштетувањата на коловозот и за водење и насочување на сообраќајот во подрачјата на работи на патот и
на заштитните огради се поставуваат рефлектирачки ознаки од класа на рефлексија II.

Член 6

Сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата во сите детали се изработуваат според македонските стандарди.

Член 7

Сообраќајните знаци што се поставуваат на ист носач се со исти рефлектирачки својства. Дополнителните табли, кои детално го означуваат поимот на сообраќајниот знак на кој се додадени, претставуваат составен дел на тој сообраќаен знак под кој што се поставени.

Член 8

Сообраќајните знаци се поставуваат од десната страна на патот покрај коловозот, во насока на движење на возилата. Ако на местото на кое се поставува сообраќајниот знак постои опасност учесниците во сообраќајот нема
навреме да го забележат заради густината на сообраќајот или од други причини, сообраќајниот знак се поставува и на спротивната, лева страна на патот или над коловозот. Сообраќајните знаци се поставуваат на начин на кој не го попречуваат движењето на возилата и пешаците.

Член 9

Графичките прикази на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патот, дадени во овој правилник, се со дескриптивна содржина.

Прочит и сваляне на целия текст

- Съдържание на нормативна база в Република Македония

- Съдържание на цялата нормативна база

- Сите закони од Министерство за внатрешни работи

 
  • Интернет: Не
 
 
Реклама


Реклама


Реклама


Полезни връзки

Статистика

Брой обекти: 6001
Брой селища: 21600
Брой снимки: 17055
Брой видеоклипове: 161
Брой коментари: 67
Брой запитвания: 2642
Регистрирани потребители: 366